• сабота, 06 јули 2024

Официјално: Смолинг веќе нема никаква врска со Манчестер Јунајтед

Официјално: Смолинг веќе нема никаква врска со Манчестер Јунајтед
Рим, 5 октомври 2020 (МИА) - По 10 години како играч на клубот, Крис Смолинг го напушти Манчестер Јунајтед во насока на Рома. „Црвените ѓаволи“ го продадоа дефанзивецот за 15 + 5 милиони евра. Поранешниот англиски репрезентативец се покажа како вишок на „Олд Трафорд“ летото 2019 година и беше позајмен на „волците“ од Вечниот град. Со тимот на „џалоросите“, Смолинг брзо ги освои симпатиите на навивачите и челниците на Рома, па затоа сега сакаа трајно да го задржат.

Тагови

Остани поврзан