• сабота, 23 ноември 2024

Официјално: Игуаин заврши со Јувентус

Официјално: Игуаин заврши со Јувентус
Торино, 17 септември 2020 (МИА) - Јувентус и Гонзало Игуаин официјално се разделија по раскинувањето на договорот на напаѓачот со заедничка согласност. 32-годишниот напаѓач кариерата ќе ја продолжи во Интер (Мајами) на Дејвид Бекам. Италијанскиот шампион објави дека разделбата со Игуаин му носи загуба на клубот од 18,3 милиони евра за периодот 2019/20. Аргентинецот беше привлечен летото 2016 година од Наполи за дури 90 милиони евра. Во Торино, Пипита никогаш не успеа да импресионира и двапати беше позајмен - во Милано и Челси. Веднаш штом пристигна, новиот тренер Андреа Пирло му рече на Игуаин дека нема да се потпира на него.

Тагови

Остани поврзан