• понеделник, 23 декември 2024

ОУ „Никола Карев“ од Кочани дел од меѓународниот проект „Дигитално културно наследство“

ОУ „Никола Карев“ од Кочани дел од меѓународниот проект „Дигитално културно наследство“
Кочани, 11 мај 2021 (МИА) – Општинското основно училиште „Никола Карев” од Кочани, заедно со партнерски училишта и невладини организаци од Хрватска и Бугарија, е вклучено во меѓународниот проект „Дигитално културно наследство“. Договорот за почеток на проектот беше потпишан на средба во хрватскиот град Лудбрег, истиот ќе се реализира преку програмата Еразмус+ и ќе трае во наредните две години. -Покрај нашето училиште, ќе учествуваат и училишта од Велики Буковец, Хрватска и Пазарџик, Бугарија, како и неколку граѓански здруженија. Се работи за проект за современо, дигитално претставување на културното наследство со користење на виртуелни камери кои снимаат со 360 степени. Главна цел е да се потикне иновативноста и креативноста на учениците и нивните ментори кои ќе работат во тимови, претставувајќи го своето национално богатство, истакна Билјана Петрова, директор на ОУ „Никола Карев“. Во секое од училиштата кои се вклучени во проектот ќе се формираат по три тима од ученици и ментори, кои ќе работат на музичкото, ликовното, историското и географското претставување на локалното културно богатство. Притоа, ќе бидат претставени историски објекти, уметнички изработки и цртежи, традиционални носии, музика и танци, карактеристични за културата и обичаите на секоја од државите. По завршувањето на проектот, собраниот и обработен материјал ќе биде поставен на веб-страницата на секое од училиштата, со што на посетителите ќе им се овозможи вирутелна прошетка низ културното богатство на регионот што тие го претставуваат.та/свс/

Остани поврзан