• петок, 22 ноември 2024

Отец Крстаноски се обрати на семинарот „Денови на Јустинијан“ на тема „Христијанската просвета и книжевност во средновековно Кичево и Кичевско“

Отец Крстаноски се обрати на семинарот „Денови на Јустинијан“ на тема „Христијанската просвета и книжевност во средновековно Кичево и Кичевско“
Кичево, 13 ноември 2021 (МИА) - Отец Александар Крстаноски, од Кичево и професор на Теолошкиот факултет во Скопје се обратија на семинарот „Денови на Јустинијан“ што се одржа во Музејот на македонската борба. Учество на настанот зедоа претставници од 17 земји од светот. Крстаноски говореше на тема „Христијанската просвета и книжевност во средновековно Кичево и Кичевско“. - На меѓународниот семинар  на тема идеологија, ја обработив темата како се одвивала просветата и кои се книжевните споменици кои сведочат за неа - Кичевскиот октоих, Вранештичкиот апостол и Премченскиот требник. Сето тоа е добиено од изворите кои зборуваат за Кичево и Кичевско, истакна отец Александар Крстаноски. за/ки/

Остани поврзан