• петок, 22 ноември 2024

Отворен повик за млади дизајнери: Конкурс за лого на Самитот во Берлин за Западен Балкан 2023 година

Отворен повик за млади дизајнери: Конкурс за лого на Самитот во Берлин за Западен Балкан 2023 година

Скопје, 5 јуни 2023 (МИА) - Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), во партнерство со Владата на Сојузна Република Германија и Владата на Албанија, објавува отворен повик за дизајнирање на логото на Самитот на Берлинскиот процес во 2023 година.

Повикот е отворен за млади графички дизајнери од 18 до 30 години кои доаѓаат од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

- Целта на натпреварот за лого на Самитот во Берлин за Западен Балкан 2023 година е да ги поттикне младите да научат повеќе за Берлинскиот процес и да придонесат за неговиот визуелен идентитет. Комисијата за избор на натпреварот за лого 2023 ќе избере победнички дизајн кој ќе биде поставен како официјално лого на Самитот за Западен Балкан што ќе се одржи во Тирана на 16 октомври. Организаторите ќе ги наградат авторите на трите најдобри дела: прва награда од 1.500 евра, втора награда од 1.000 и трета награда од 500 евра, соопштија од RYCO .

Секој учесник може да поднесе најмногу едно лого на натпреварот. Крајниот рок е 18-ти јуни. Можете да најдете повеќе информации за натпреварот на веб-страницата на RYCO.

Берлинскиот процес беше инициран од Сојузна Република Германија во 2014 година, за да се промовира регионалната соработка во Западен Балкан и да се поддржи политиката на проширување на ЕУ. Повеќе информации се достапни на http://www.berlinprocess.de.

RYCO е меѓувладина организација која промовира помирување, градење мир и соработка меѓу младите од Западен Балкан преку различни програми за мобилност.

Основана е за време на Берлинскиот процес, на самитот во Париз на 4 јули 2016 година. цр/дма/

Фото: RYCO

 

 

 

Остани поврзан