• петок, 22 ноември 2024

Отворен нов простор за дружење, едукација и ресоцијализација на Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа во Кисела Вода

Отворен нов простор за дружење, едукација и ресоцијализација на Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа во Кисела Вода
Скопје, 8 јули 2022 (МИА) - Под мотото „Секое дете е различен цвет, а заедно прават прекрасна градина“ денеска градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, го предаде клучот на новото катче за дружење, едукација и ресоцијализација на Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа. Како што информираат од Општината, ова е приспособен простор за кој нема да се плаќа никаков надоместок, ниту за користење на просторот, ниту за тековните трошоци за користење на истиот, бидејќи ќе ги покрива лично тој и неговиот кабинет од своите лични примања. - Сакам да истакнам дека ова беше мое ветување кон нив и затоа денеска заеднички ги отвораме вратите на овој клуб кој ќе биде нивно ново катче во кое времето ќе го поминуваат низ дружба, забава и едукација. Воден од грижата да се обезбедат подобри услови за овие дечиња со кои лично уживам да го поминувам моето време со нив, ова ново катче комплетно ги исполнува сите услови за квалитетен престој, вклучувајќи маси за надвор и внатре, столчиња, кујна и кујнски апарати, инвертер, дидактички и работни материјали, мебел, изјави Ѓоргиевски. Тој додаде дека секој жител е еднаков и потребно е да се пружат еднакви шанси. ки/ац/

Остани поврзан