• понеделник, 23 декември 2024

„Отворен кабинет“ на министерот Спасовски на 29 септември во ОВР Крива Паланка

„Отворен кабинет“ на министерот Спасовски на 29 септември во ОВР Крива Паланка

Скопје, 20 септември 2023 (МИА) - Продолжува проектот „Отворен кабинет“ во рамки на утврдениот концепт „МВР за граѓаните“ што веќе се реализираше во СВР Штип, ОВР Струга, ОВР Кавадарци, СВР Тетово и СВР Битола, соопшти МВР.

-Ако имате прашање за министерот, идеја која сметате дека ќе ја подобри безбедноста, предлог за подобрување на севкупното работење на полицијата – а притоа досега не сте имале можност да ја презентирате во неговиот Кабинет во Министерството за внатрешни работи, Кабинетот на министерот Спасовски на еден ден ќе дојде кај вас – во Секторот за внатрешни работи кој го покрива подрачјето каде што живеете, наведува МВР.

„Отворениот кабинет“ ќе продолжи на 29 септември, во просториите на ОВР Крива Паланка.

-Ги очекуваме граѓаните од ова подрачје во текот на оваа недела, телефонски на бројот 072 33 31 85 или електронски на MVRJAVNOST@moi.gov.mk, да си закажат термин за средба со министерот, а неговиот тим ќе ве пречека и ќе ви овозможи и вашето мислење да добие на значење, да бидете дел од процесот на креирање политики во врска со безбедноста која нѐ засега сите нас. Да докажеме уште еднаш дека полицијата е во служба на граѓаните и мислењето на секој граѓанин ни значи, истакнува МВР. мч/лв/

фото: МВР

Остани поврзан