• петок, 22 ноември 2024

Отворен македонскиот културен клуб во Благоевград

Отворен македонскиот културен клуб во Благоевград
Благоевград, 30 октомври 2022 (МИА) - Културниот момент е тој којшто навистина може да ги зближи народите, да ги надмине разликите, тоа е нешто што отклонува, а не ја зголемува омразата, на европскиот принцип - обединети во различностите,  беше истакнато денеска на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, нагласувајќи дека клубот ќе помога во Бугарија да ја препознаат македонската култура, а со неа и македонскиот народ. Еден од организаторите, Милан Ризаков од ОМО „Илинден“ Пирин, посочи дека клубот се отвара во духот на големиот македонски револуционер Гоце Делчев, цитирајќи ја неговата мисла „јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“, посочувајќи дека меѓу дваата народи треба да се градат мостови, не ѕидови. - Обвинувани сме за непријатели, кога намерите ни се пријателски, обвинувани сме за сепаратисти, кога стремежот ни е уривање на граници и обединета Европа, за противзаконски кога сакаме да работиме во рамките на законите, 32 години напорите ни беа да регистрираме наше здружение со кое што ќе учестуваме во културниот, општествен и политички живот. Земјата е 15 пати осудена за тоа во Европскиот суд за човекови права, а ние не сакаме да се судиме, никого, ние едноствано сакаме да сме рамноправни како останатите граѓани, сакаме да можеме да се нарекуваме Македонци, а за тоа да не бидеме навредени, да можеме да се собираме и да твориме без страв, да бидеме од корист за двете држави и за двата народи затоа што им ја познаваме душата и културата, истакна тој. Во своето обраќање, Ризаков потенцираше дека да си Македонец не е антибугарско дело. - Македонците во Бугарија веќе 60 години се борат против негово, а за своите човекови права. Ние подаваме рака за пријателство, нема да дигнеме раце и да се предадеме, изјави тој. Отворањето на клубот, според основачите, е со цел да ги зближи двата народа и да ги надмине разликите. Атанас Мазнев, еден од основачите, упати благодарност до сите кои ги поддржале отворањето на клобот и порача дека идеите за основањето на клубот се градење на мостови меѓу двата народи и ново културно пространство во кое ќе учествуваат двете држави. - Голема благодарност до сите Македонци од Пиринска Македонија кои ни го поддржаа моралот и тоа ни даде сила да стоиме цврсто во дадени моменти.  Упатуваме благодарност до Раде Силјан кој донираше 300 тома литература за нашиот клуб, тоа за нас е богатство, рече Мазнев. Лидерот на опзициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, упати честитки за отворањето на клубот и рече дека треба да се почитува правото на самоопределување. - Ова беше исклучитено добра можност да се обединиме, да застанеме зад македонскиот народ во Благоевград, да го поддржиме овој клуб затоа што што овој човек, по кого е именуван клубот, и во историјата и сега зближувал, поврзувал, а не разделувал.  Така очекувам и овој клуб овде во Благоевград да ги зближи македонците во Бугарија, нагласи Мицкоски. На отворањето присуствуваа генералниот секретар во Кабинетот на претседателот на државата Миле Бошњаковски и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и на Левица Димитар Апасиев. см/рт/

Остани поврзан