Отворена нова канцеларија на Агенцијата за катастар во општина Чашка
- По неколкугодишна пауза, денеска беше повторно отворена канцеларијата на Агенцијата за катастар на недвижности во општина Чашка. Како што информираат од Агенцијата, со ова над 7.500 граѓани повеќе нема да мораат да патуваат до Велес за да поднесат барање или да користат услуги од Катастарот – тие повторно се достапни директно во нивната општина.
Скопје, 4 јуни 2025 (МИА) - По неколкугодишна пауза, денеска беше повторно отворена канцеларијата на Агенцијата за катастар на недвижности во општина Чашка.
Како што информираат од Агенцијата, со ова над 7.500 граѓани повеќе нема да мораат да патуваат до Велес за да поднесат барање или да користат услуги од Катастарот – тие повторно се достапни директно во нивната општина.

Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, кој денеска ја посетил канцеларијата, на социјалните мрежи истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и приближување на институцијата до граѓаните.
-Континуирано работиме на приближување на услугите до граѓаните и подигнување на нивниот квалитет – за поефикасна, подостапна и поблиска институција, изјавил Живковски. сст/дма/
Фото Агенција за катастар во општина Чашка