• сабота, 21 декември 2024

Осум дена притвор за закани на Фејсбук (ДПЛ)

Осум дена притвор за закани на Фејсбук (ДПЛ)
Скопје, 18 јануари 2020 (МИА) – Две кривични пријави, во брза постапка, заработи  Емил Јакимовски кој вчера беше приведен по пријава за семејно насилсто. Јакимовски, од судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје попладнево доби и притвор во траење од осум дена. Од Јавното обвинителство информираат дека, надлежниот јавен обвинител побарал притвор, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото или да го изврши кривичното дело со кое се заканувал. МВР претходно соопшти дека Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, по претходни извршени консултации со ОЈО Скопје, поднесе две кривични пријави против Е.Ј. -Едната кривична пријава е за сторени две кривични дела и тоа “Загрозување на сигурноста” по чл. 144 став 2 од КЗ и “Неизвршување на судска одлука” по чл. 377 став 5 од КЗ. Втората кривична пријава е исто така за сторени две кривични дела “Загрозување на сигурноста” по чл. 144 став 4 од КЗ, информира МВР. Притвореникот како поранешен сопруг на една оштетена, во периодот од декември 2019 година до 16 јануари 2020 година и ја загрозил сигурноста со сериозна закана дека ќе нападне врз нејзиниот живот и тело и врз животот и телото на нејзино блиско лице. Притоа, тој не го почитувал Решението на Основниот граѓански суд Скопје со кое била издадена наредба – Привремена мерка за заштита на правата на оштетената од семејно насилство, односно и покрај судската забрана постојано психички ја вознемирувал и и се заканувал. За Јакимовски претходно имаше пријави до полицијата од новинарките Мери Јордановска од А1он и Искра Коровешовска од ТВ Алфа за навреди и закани преку социјалните мрежи. Според ЈО, во временскиот период од ноември 2019 година до 13 јануари 2020 година, по пат на информатички систем им се заканувал на новинарките дека ќе изврши кривично дело –Убиство за кое е пропишана казна затвор од најмалку пет години. Заканите ги упатувал преку СМС пораки и мобилни апликации, па оштетените се почувствувале дека им е загрозена личната и сигурноста на нивните семејства. бк/

Остани поврзан