Основното училиште во Богданци ќе добие нов покрив
- Во рамки на проектот „Реконструкција на училишни објекти“ што со владини средства го имплементира Министерството за образование и наука, основното училиште „Петар Мусев“ во Богданци наскоро ќ
Гевгелија,19 март 2021(МИА) - Во рамки на проектот „Реконструкција на училишни објекти“ што со владини средства го имплементира Министерството за образование и наука, основното училиште „Петар Мусев“ во Богданци наскоро ќе добие нов кров.
-Ангажираниот изведувач на тендерот, што трае до 26 март, ќе треба да ја отстрани сегашната лимена и доста оштетена азбестна покривка и да изврши нејзина замена со нов панел покривач кој што ќе овозможи поголема безбедност на учениците и вработените во училиштето, а ќе го спречи и натамошното руинирање на целата кровна конструкција, плафонот и ѕидовите на училиштето, велат од локалната самоуправа на Општина Богданци.
Според предмерот на проектот, пред почетокот на замената на кровната конструкција планирани се подготвителни изолаторски, покривачки, лимарски и ѕидарски работи од што може да се заклучи дека проектот претставува ефикасен инструмент за постигнување на значителни енергетски и финансиски средства. им/ки/