• понеделник, 06 април 2026

Осмо издание на манифестацијата „Средношколски игри“

Осмо издание на манифестацијата „Средношколски игри“

Скопје, 25 септември 2021 (МИА) - Ученици и наставници од повеќе средни училишта од Скопје учествуваа на осмото издание на манифестацијата „Средношколски игрии пратија пораки за заштита на здравјето и практикување здрав начин на живот, чување на природата и меѓусебна толеранција.

Еднодневните игри, што се одржаа денеска во Градскиот парк под слоганот „Заедно во природа“, ги организираше Здружението на граѓани „Сфера“ од Скопје.

Манифестацијата вклучи различни активности/натпревари во природа (во знаење, уметнички вештини- цртање и фотографирање, креативно пишување, зелени игри...), со цел подигање на свеста на средношколците за потребата и неопходноста од нивни редовен престој на отворен простор заради подобрување и унапредување на нивното психофизичко здравје

-Натпреварувачкиот карактер придонесува кај младите да се развијат потенцијалите за истражување и учење, тренирање, вежбање, уметнички и естетски развој, а локацијата на која се одвиваат игрите кај младите поттикнува свесност за здрав живот, заштита на животната средина и почест престој во природа, соопшти „Сфера“.

На Средношколските игри 2021 имаше околу сто учесници: ученици - натпреварувачи, наставници и комисии. Сите учесници се придржуваа до протоколите за настани на отворено на Комисијата за заразни болести. хс/цр

 

Остани поврзан