• понеделник, 23 декември 2024

Османи - Турковиќ: Заемно задоволство за позитивната динамика во развојот на билатералните односи

Османи - Турковиќ: Заемно задоволство за позитивната динамика во развојот на билатералните односи
Скопје, 21 октомври 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на маргините на министерскиот состанок во рамки на Берлинскиот процес, остварил билатерална средба со заменик претседавачот на Советот на министри и министер за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Бисера Турковиќ. На средбата било истакнато заемно задоволство за позитивната динамика во развојот на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Босна и Херцеговина,а биле разменети мислења околу можностите за натамошно унапредување, со посебен осврт врз економската соработка, која заостанува во однос на блиските и отворени политички односи. - Препорака на Европската Комисија да се додели кандидатски статус за членство во Унија е секако исклучително важна за граѓаните на Босна и Херцеговина и нивната иднина, но не помалку важна и за регионот на Западен Балкан, особено како порака до оние кои имаат поинакво гледање за местото и улогата на Босна и Херцеговина, истакнал Османи, се наведува во соопштението од МНР. Османи ја нагласил ја поддршката на Република Северна Македонија за европскиот и евроатлантскиот пат на Босна и Херцеговина, како и подготвеноста и отвореноста за споделување на искуства на овој план. Соговорниците се осврнале и на актуелните состојби во регионот и пошироко, како и економските и енергетски предизвици поврзани со руската воена агресија во Украина. цр/са/  

Остани поврзан