• вторник, 24 декември 2024

Османи разговараше со Блинкен и Шоле: САД даваат силна поддршка за евроинтеграциите на Северна Македонија

Османи разговараше со Блинкен и Шоле: САД даваат силна поддршка за евроинтеграциите на Северна Македонија

Брисел, 5 април 2023 (МИА) - Шефот на дипломатијата, Бујар Османи на маргини на Министерскиот состанок на НАТО во Брисел разговараше со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен и советникот на Стејт департментот, Дерек Шоле.

Во фокусот на разговорите беше соработката и активностите во рамки на Стратешкиот дијалог, регионалните актуелности, поддршката за постигнатиот договор меѓу Косово и Србија, како и политичките состојби во земјава, соопшти МНР.

Шоле и Блинкен изразија силна поддршка за евроинтегративниот процес на Северна Македонија, што е споделен стратешки интерес на земјава и САД и влог во целокупната регионална стабилност.

Министерот Османи денеска, се наведува во соопштението, ја продолжува посетата на НАТО во Брисел, втор ден од НАТО Министерскиот состанок со средби со негови хомолози. ац/

Остани поврзан