• недела, 22 декември 2024

Османи на министерскиот состанок на Глобалната коалиција за борба против ИСИС

Османи на министерскиот состанок на Глобалната коалиција за борба против ИСИС

Скопје, 8 јуни 2023 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи денеска ќе учествува на министерскиот состанок на Глобалната коалиција против ДАЕШ/ИСИС во Ријад, Саудиска Арабија. 

Како што информира МНР, министерскиот состанок е во организација на државниот секретар на САД Антони Блинкен и министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија Фаисал бин Фархан Ал-Сауд.

- Министрите од земјите членки на Глобалната коалиција ќе дискутираат за ДАЕШ/ИСИС во Ирак и Сирија, Африка, централна Азија и Авганистан, и како работните групи на Коалицијата се справуваат со овие закани, се вели во соопштението. 

На годишниот министерски состанок на Глобалната коалиција за борба против Даеш/ ИСИС ќе учествуваат  претставници од вкупните 86 земји од сите пет континенти што се дел од Коалицијата. мд/лв/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан