• сабота, 23 ноември 2024

Османи на видео состанок со министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ

Османи на видео состанок со министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ
Скопје, 13 мај 2021 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи, заедно со својот хомолог од Албанија, министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, денеска, под покровителство на шефовите на дипломатиите на Грција и Романија, Никос Дендиас и Богдан Ауреску ќе одржат видео брифинг со своите колеги, министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ. Целта на состанокот, како што соопштија од МНР, е да се рефлектира стратешката дискусија за Западен Балкан, одржана на 10 мај во Брисел и да се реафирмира ангажманот и заложбата на земјите членки кон европската перспектива на земјите од регионот, во пресрет на состаноците на Советот за општи работи во јуни. - Во фокусот на дискусиите ќе бидат досиејата на Северна Македонија и Албанија и нивните оправдани очекувања, Советот во јуни да ги операционализира одлуките за почеток на пристапните преговори, преку усвојување на преговарачките рамки и одржување на првите меѓувладини конференции, наведуваат од МНР. мс/дма/

Остани поврзан