• вторник, 26 ноември 2024

Османи во Копенгахен на средба со министерот за надворешни работи

Османи во Копенгахен на средба со министерот за надворешни работи
Скопје, 4 мај 2021 (МИА)Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Копенхаген ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Данска, Јепе Кофод.

Покрај билатералните односи, централна тема на средбата ќе биде европското досие на земјава, постигнатиот напредок во клучните реформски области, добрососедските односи, како и обезбедувањето на поддршка за имплементација на одлуката за почеток на преговорите од страна на Советот на ЕУ од март минатата година, преку усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата Меѓувладина конференција.

Во текот на денот, како што соопшти МНР, планирано е министерот Османи да оствари средба и со Жан Елерман-Кингомбе, државен секретар во Кабинетот на премиерката Фредериксен.

Османи ќе има состаноци и со претставници на повеќе здруженија од дијаспората. бак/

Остани поврзан