• петок, 22 ноември 2024

Османи во Ватикан на централното одбележување на јубилејот пет години канонизација на Мајка Тереза

Османи во Ватикан на централното одбележување на јубилејот пет години канонизација на Мајка Тереза
Скопје, 6 септември 2021 (МИА) - Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска заминува во посета на Ватикан, по повод централното одбележување на јубилејот пет години канонизација на Мајка Тереза, што прв пат е во заедничка организација на Министерството за надворешни работи и Светата Столица, соопшти МНР. Во рамките на одбележувањето, Османи ќе ја отвори изложбата „Мајка Тереза – од девојка од Скопје до Светица“, во присуство на ватиканскиот секретар за односи со државите, монсињор Пол Ричард Галагер, по што ќе следува и прием во присуство на високи гости и претставници на Рим и Ватикан. ац/ев/

Остани поврзан