• петок, 22 ноември 2024

Општините Кочани, Штип и Виница заеднички го одбележуваат Меѓународниот ден на Ромите во рамките на програмата РОМАКТЕД 2

Општините Кочани, Штип и Виница заеднички го одбележуваат Меѓународниот ден на Ромите во рамките на програмата РОМАКТЕД 2
Кочани, 5 април 2022 (МИА) – Општините Кочани, Виница и Штип кои се вклучени во програмата РОМАКТЕД 2 - „Промовирање на добро владеење и зајакнување на Ромите на локално ниво“ заеднички се вклучуваат во одбележувањето на 8 Април - Меѓународниот ден на Ромите. Попладнево во Кочани се одржа јавна трибина на која преку краток осврт на историјатот на ромската заедница, беа претставени главните културни, етнички и други обележја на Ромите кај нас и во светот. Присутните на настанот ги поздравија градоначалниците на Кочани и Виница, при што ги истакнаа напорите на локалните самоуправи за подобрување на статусот на ромскоот население во нивните средини. - Во интерес на брзата и ефикасна интеграција на Ромите, соработуваме со сите локални, национални и меѓународни организации и институции, а особено со програмата РОМАКТЕД на Советот на Европа. Правиме максимални напори да ги исполниме сите наши обврски, но и повеќе од тоа, бидејќи се работи за нашата општина и за нашите сограѓани, истакна Љупчо Папазов, градоначалник на Кочани. Градоначлникот на Виница, Миле Петков наведе дека во изминатиот период локалната самоуправа на Виница реализирала многу проекти во кои е вклучено ромското население, а целта е да се подобри животот во сите сфери. - Општината презема низа активности да се надминат проблемите со кои се соочуваат Ромите, како што се неписменоста, редовноста во училиштата, завршување на задолжителното средно образование, згрижување на ромските дечиња во детски градинки, како и во сферата на намалување на сиромаштијата, невработеноста и решавањето на најосновното и најболно прашање – домувањето, истакна градоначлникот на Виница, Миле Петков. Во рамки на настанот се одржаа панел дискусија на тема „Политики и мерки за вработување за Роми на локално ниво“ и кратка културно-уметничка програма. Програмата РОМАКТЕД 2 на Советот на Европа и Европската Унија опфаќа вкупно 15 општини во државата, а целта на нејзиното имплементирање е да се изгради политичка волја и одржлив политички ангажман на локалните власти за подобрување на демократското владеење и зајакнување на локалните ромски заедници. та/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан