• сабота, 23 ноември 2024

Општина Куманово објави оглас за набавка на интерактивни табли и нагледни средства за потребите на средните училишта

Општина Куманово објави оглас за набавка на интерактивни табли и нагледни средства за потребите на средните училишта
Куманово, 9 март 2021 (МИА) - Општина Куманово објави јавен оглас за набавка на интерактивни табли и нагледни средства за потребите на средните училишта во Куманово, стручните „Наце Буѓони“ и „Перо Наков“ и за Гимназијата „Гоце Делчев“, соопштија денеска надлежните од одделението за јавни набавки. За набавката е предвидено да се одвојат 7.450.000 денари без вклучен ДДВ. Според објавата, економските оператори треба да достават соодветна документација, потврда за регистрирана дејност (образец ДРД) како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран, од Централниот регистар. Треба да достават и извештај за остварениот приход за последните три години како и да приложат на увид мостри за потребите на набавката, (интерактивна табла, проектор со кратка проекција, држач за проектор, дигитален микроскоп, интерактивен панел и ОПС Компјутер). Отворањето на понудите е закажано на 31 март годинава во просториите на општина Куманово. Претходно, Општината одвои средства за набавка на таблети за повеќе училишта и за смарт табли за Гимназијата „Сами Фрашери“. ам/мд/

Остани поврзан