Општина Илинден учествуваше во акцијата „Пошумуваме заедно за позелено утре“
- Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски и претставници на Советот на Општината денеска учествуваа во акцијата „Пошумуваме заедно за позелено утре“ во скопското село Миладино
Скопје, 27 ноември 2022 (МИА) - Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски и претставници на Советот на Општината денеска учествуваа во акцијата „Пошумуваме заедно за позелено утре“ во скопското село Миладиновци каде беа засадени над 27 илјади садници на простор од 10 хектари.
- Определбата на општината е збогатување и обновување на шумскиот фонд во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“, пошумувањето е природно добро од општ интерес, обврска на секој од нас е да работи на подобрување на еколошката свест, а со тоа ќе придонесеме да имаме чист воздух и квалитетна животна средина за идните генерации, наведуваат од Општината.
Во акцијата на пошумување учествуваа над 300 граѓани, Општина Илинден има стратешка определба кон подобрување на еколошката свест, посветено работи на зголемување на шумскиот фонд, придонесуваме кон создавање на поздрава животна средина и интензивно ќе продолжи кон реализација на проектот „Зелена Општина Илинден“.
Акцијата е поддржана од „ДМ Дрогерие Маркт“ и ЈП „Национални“ шуми со активно учество на Општина Илинден. мс/дма/