• вторник, 05 ноември 2024

Општина Зрновци реализира проект за ново јавно осветлување

Општина Зрновци реализира проект за ново јавно осветлување
Кочани, 4 август 2022 (МИА) – Општина Зрновци реализира проект за поставување јавно осветлување на регионалниот патен правец од општинскиот центар кон селата Мородвис и Видовиште, како и на повеќе улици во населените места. Инвестицијата се финансира од општинскиот буџет, во рамки на годишната програма за изградба и одржување на јавното осветлување и нисконапонската електрична мрежа, за што се обезбедени 600 илјади денари. - Со реализација на овој проект позитивно одговараме на повеќегодишното барање на граѓаните за унапредување на остојбата со јавното осветлување во трите населени места во нашата општина. Веќе се поставени нови светилки на влезовите во Зрновци од правец на Кочани и Виница, како и од регионалниот пат од општина Чешиново-Облешево. Осветлување добива и кејот на реката Зрновка во централното подрачје на Зрновци, како и повеќе улици на кои досега воопшто немаше инсталирано електрична мрежа. Таму се предвидени околу 50 нови светлосни места со бетонски столбови што ќе добијат економични лед рефлектори, а за кои добивме тригодишна гаранција на квалитетот, истакна градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев. Иако според потпишаниот договор со изведувачот „ТМ“ ДОО од Штип реализацијата на проектот за изградба и одржување на јавното осветлување е за период од една година, се очекува проектот да оди со забрзана динамика и да се заврши до крајот на овој месец. Градоначалникот Коцев информираше дека паралелно со подобрувањето на јавното осветлување, деновите ќе почне асвалтирање на шест улици во населените места, а се испитува и локација за дупчење нов извор за водоводот во село Видовиште. Со тоа ќе се обезбедат дополнителни количини вода за домаќинствата и ќе се овозможи побрзо полнење на резервоарот со капацитет од 80 кубни метри што ќе се гради наесен. та/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан