• вторник, 05 ноември 2024

Општина Велес со јавен повик до младите за формирање Иницијативен одбор за Локално собрание на млади

Општина Велес со јавен повик до младите за формирање Иницијативен одбор за Локално собрание на млади
Велес, 13 октомври 2022 (МИА) - Формирањето на Иницијативниот одбор за конституирање на Локалното собрание на млади на Општина Велес е еден од чекорите за формирање на Локалниот младински совет. Општина Велес на 6 октомври го објави јавниот повик за формирање на Иницијативниот одбор, чија задача е да го конституира Локалното собрание на млади, а истиот трае до понеделник, 17 октомври. Како што појаснуваат од Општина Велес, ова тело ќе биде составено од пет членови, а во истиот може да членуваат претставници на младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички организации, студентски организации и други облици на младинско здружување кои работат и функционираат на територија на општината. Предложените лица треба да се жители на Општина Велес, на возраст од 15 до 29 години. Јавниот повик е достапен на www.veles.gov.mk, во делот „Млади“, на следниот линк Сите заинтересирани можат да ги достават документите во архивата на Општина Велес на ул. „Панко Брашнар”, бр. 1, 1400 Велес, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот. -Локалниот младински совет ќе придонесе за подобрување на состојбите на младите на локално ниво. Младинскиот совет ќе спроведува активности и политики за млади согласно Законот за младинско учество и младински политики,појаснуваат од Општина Велес. ад/дма/

Остани поврзан