• вторник, 24 декември 2024

Општина Аеродром објави конкурс за избор на идејно решение за општинската зграда

Општина Аеродром објави конкурс за избор на идејно решение за општинската зграда
Скопје, 4 јануари 2021 (МИА) – Општина Аеродром објави меѓународен анонимен конкурс за избор на идејно архитектонско решение за проектирање на управна (општинска) зграда. Право на учество на конкурсот имаат правни и физички лица од областа на архитектурата, а крајниот рок за предавање на трудовите е 1 март. Од Општината посочија дека со изградба на зградата се создава можност за поефикасна соработка со граѓаните и рационализирање на издатоците од буџетот. Покрај задолжителните критериуми за проектирање соодветни работни простории, како и простории за прием на граѓани, во конкурсот се бара да се предвидат и современи технологии на градење со материјали и решенија што ќе овозможат висок степен на енергетска ефикасност. Оценувањето на трудовите ќе го врши стручно жири, а Општината ќе додели и парични награди за најдоброто идејно решение за нова општинска зграда, и тоа 300.000, 100.000 и 50.000 денари. Сите заинтересирани можат да конкурираат на следниот линк. ки/сп/

Остани поврзан