• четврток, 19 декември 2024

ОПЦВ: Сириската Влада е виновна за серијата хемиски напади кон крајот на 2017 година

ОПЦВ: Сириската Влада е виновна за серијата хемиски напади кон крајот на 2017 година
Хаг, 8 април 2020 (МИА) - Организацијата за забрана за употреба на хемиско оружје (ОПЦВ) ги обвини силите на сириската Влада за серијата хемиски напади извршени кон крајот на 2017 година, во кои се употребени сарин и хлорин.
Во денеска објавениот извештај, тимот за истрага и идентификација, кој ОПЦВ го формираше во 2018 година, првпат е обвинет некој за нападот врз местото Латамнех во централниот дел на Сирија. Тоа веројатно ќе доведе до нови повици на одговорност за сирискиот претседател Башар Асад.
Генералниот директор на ОПЦВ, Фернандо Аријас истакна дека сега треба „генералниот секретар на ОН и меѓународната заедница целосно да преземат натамошна соодветна и неопходна акција“.
Сириската власт категорично ги отфрла обвинувањата дека извршила хемиски напади во текот на деветгодишната граѓанска војна во таа земја. гт/

Остани поврзан