• сабота, 14 септември 2024

Опожарени повеќе ниви во близина на село Србица

Опожарени повеќе ниви во близина на село Србица
Кичево, 15 септември 2021 (МИА) - Повеќе ниви се опожарени во пожар што избувнал вчера попладне во атарот на селото Србица, кичевско. Пожарот е целосно изгаснат, а причина, според Територијалната противпожарна единица во Кичево, е човечки фактор.

 - Вчера околу 14:20 часот во атарот на село Србица избувна пожар. Беа опожарени повеќе ниви и поради сувото време и високите температури пожарот брзо напредуваше. Навремено бевме информирани за овој пожар на кој интервениравме во два наврати со едно возило и со шест пожарникари. По нашата интервенција пожарот е целосно изгаснат и како во претходните случаи, причина за пожарот е човечки фактор, изјави командирот на ТППЕ Горан Соколески.

Во текот на оваа година во општината, како што информираше, евидентирани се 150 пожари, од кои повеќето на отворен простор. Само од почетокот на септември до денес, имало 11 пожари, девет на отворен простор и по еден пожар на депонија и оџак во куќа. за/бак/

Остани поврзан