• понеделник, 23 декември 2024

ОН повикаа на зачувување на договорот за извоз на жито од украинските пристаништа

ОН повикаа на зачувување на договорот за извоз на жито од украинските пристаништа
Њујорк, 29 октомври 2022 (МИА) -  ОН повикаа да се направи се за да се зачува договорот за извоз на жито од украинските пристаништа, откако руските власти во текот на денот објавија дека се повлекуваат од тој договор поради нападите врз руски бродови на Крим. „Од витално значење е сите страни да се воздржат од каква било акција што би го загрозила договорот за транспорт на жито на Црното Море“, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дужарик. Руските власти денеска објавија дека се повлекуваат од договорот за извоз на жито од украинските пристаништа, од витално значење за снабдувањето со храна во светот, по нападот што Москва им го припишува на Украина и на Велика Британија. Договорот склучен во јули под покровителство на ОН и Турција, овозможи извоз на неколку милиони тони жито блокирано во украинските пристаништа од почетокот на руската инвазија на Украина на крајот на февруари. Таа блокада предизвика скок на цените на храната и ги зголеми стравувањата од глад. Турските власти соопштија дека не се официјално известени за повлекувањето на Русија од договорот, потпишан на 22 јули во Истанбул. зш/

Остани поврзан