Онлајн трибина: Менструалната сиромаштија ризик за жените, потребно намалување на данокот на хигиенските производи
- Менструалната сиромаштија не претставува само здравствен ризик за девојчиња и жени, туку потенцијално ја загрозува и нивната животна благосостојба и опстанок. Едно од решенијата на овој пробл
Како што рече, во нашата држава се повеќе се продлабочува јазот на жени кои не можат да си набават, односно не можат да купат средства за управување со менструалното здравје. Над 60 жени од жените во рурални и 20 од урбаните средини не употребуваат никакви комерцијални менструални производи поради високата цена на чинење.
Според Доковска, загрижува податокот дека над 10 отсто од жените честопати немаат можност за никакви средства и користат тоалетна хартија, весници или пак сами си прават, шијат влошки за управување со менструалната хигиена.
-Едно петчлено семејство со минимални месечни примања, каде 4 се жени треба да одвојат од 15 до 17 отсто од примањата за хигиенски производи за управување со менструална хигиена. Тоа е причина зошто дел од девојчињата не одат на училишта за време на периодот или мајките отсуствуваат од работа, додава Доковска. бт/ац/