• петок, 22 ноември 2024

Онлајн промоција на сликовницата „Денеска ти нема да играш“ насочена кон булингот

Онлајн промоција на сликовницата „Денеска ти нема да играш“ насочена кон булингот
Скопје, 4 февруари 2021 (МИА) - Сликовницата „Денеска ти нема да играш“ од шпанската авторка Пилар Серано, која е насочена кон булингот меѓу учениците, денеска ќе биде промовирана онлајн на фејсбук-страницата на „Литература.мк“. Станува збор за сликовница која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и е веќе достапна во сите книжарници на „Литература“. Модератор на онлајн-промоцијата ќе биде уредничката во „Арс Ламина“, Татјана Димовска – Атанасова, а соговорник психологот Христина Стефановска која ќе даде поширока димензија и конкретни совети врзани со булингот кај децата и учениците што сè повеќе зема замав, како во светски рамки, така и кај нас. Авторката Серано има работено како учителка и во ова нејзино дело раскажува приказна за тимската работа и за храброста врз основа на нејзините лични искуства со учениците. Приказната во „Денеска ти нема да играш“ освен што обработува мошне актуелна тема, таа нуди и алатка за справување со булингот кај учениците. свс/бак/

Остани поврзан