ОМ: Насилна етничка поделба во Кичево
- Скопје, 24 август 2022
Скопје, 24 август 2022
Почитувани граѓани,
Политичката партија Обединети за Македонија реши да ги обелодени на јавноста актуелните реални случивања кои поради политички поени и лични интереси двете најголеми политички партии не ги објавуваат во јавност.
Имено, сведоци сме на политичко пазарење и некадарни вработувања, како и цензура на имиња на државни институции со кои се создава револт на сите македонски граѓани, без разлика на која националност или вера припаѓаат.
За пример ќе ја земеме Општина Кичево, каде во Национална установа, Центар на култура „Кочо Рацин“ се поставува директор по наредба на Министерството за култура и министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска , кој има две години искуство во самата институција. Тоа се изврши со нетранспарентен начин на селекција и целосно игнорирање на вработените кои имаат десетици години искуство во таа институција.
Етничкиот национализам преовладува и во незаконската цензура на името на институцијата. Се водат паралелни социјални мрежи на самата институција и се форсира албанскиот јазик, а македонскиот во најголем број не се ни користи во односите со јавноста.
Неофицијално се користат термините „Култура Кичево“, „Дом на култура“, а со тоа се цензурира и ликот на Коста Солев Рацин. Логото на институцијата не се користи поради ликот на Кочо Рацин во него.
Најголемата катастрофа е направена во библиотеката која работи под оваа институција, која е користена 40 години од жителите. Исфрлени се книгите и ставени во пакети, за на тоа место да се започне постапка за создавање на галерија на ликовниот уметник Осман Калеси. Немаме ништо против создавање на нова галерија, но не под услов да биде уништена библиотеката која има долгогодишна историја.
Поделбите се создадени директно од централната власт, но најголема одговорност има Министерството за култура, каде министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска дозволи заменик-министерот да држи состаноци и говор само пред Македонските Албанци.
Ваков етнички егзодус и поделби во Општина Кичево и разнебитување на единството на сите етнички заедници се нема случено во Кичево со децении.
Ја повикуваме министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, да реагира правично и целата коалиција да донесува одлуки, позитивни за граѓаните.
Обединети за Македонија е отворена за сите македонски граѓани кои ја почитуваат и следат конзервивната идеологија, без разлика на вера и националност, но цврсто ќе застане против секој вид етнички национализам и сепаратизам од било која етничка заедница.
Стоиме на ставот дека државниот патриотизам е клучен фактор за заеднички сили на сите за напредок на државата.
Затоа, ја информираме јавноста, сите обиди за дискриминација врз основа на етничко потекло, да ни ги испратат на info@om.org.mk.
Обединети за Македонија
_________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.