• петок, 22 ноември 2024

Околу 100 учесници пријавени за првиот „Куп на Македонија во билијард

Околу 100 учесници пријавени за првиот „Куп на Македонија во билијард

Скопје, 22 август 2024 (МИА) - Билијард федерацијата на Македонија (БФМ) го организира првиот „Куп на Македонија во билијард“ кој ќе се игра на 31 август и 1 септември во Скопје.

- Заложбите на федерацијата се настанот да премине во традиција и редовно да биде во термин блиску до Денот на независноста на државата, објави БФМ.

На програмата ќе биде популарната дисциплина „деветка“, а натпреварувачкиот костур ќе биде дефиниран според правилата за елиминација врз база на два пораза. 

Домаќин е билијард клубот „Гран Клуб“, а натпреварите почнуваат од 9 часот наутро (во сабота), додека финалето е в недела од 21 часот. Право на настап ќе имаат сите играчи, од А и Б дивизијата, но и оние кои досега не биле членови на клуб и не се дел од федерацијата, при што е битно само да се државјани на Македонија.

Се очекува на натпреварувањето да има околу 100 учесници. зс/

Остани поврзан