• понеделник, 23 декември 2024

Од 22 часот утре привремено ќе биде недостапно плаќањето билет со телефон во јавниот превоз

Од 22 часот утре привремено ќе биде недостапно плаќањето билет со телефон во јавниот превоз
Скопје, 10 јануари 2022 (МИА) - Од утревечер од 22 часот во автобусите за јавен превоз во Скопје нема да функционира опцијата за плаќање билет со мобилен телефон, валидација преку бројот 185. Како што соопшти Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, прекинот на оваа услуга ќе биде привремен и заради надградба на системот за електронска наплата. Од среда, 12 јануари, опцијата за плаќање со мобилен телефон ќе биде повторно достапна, информираше ЈСП. мд/хс/

Остани поврзан