• вторник, 05 ноември 2024

Од топлотен удар почина жена на Кипар, три други хоспитализирани во сериозна состојба

Од топлотен удар почина жена на Кипар, три други хоспитализирани во сериозна состојба

Никозија, 22 јули 2024 (МИА) – Поради високите температури на Кипар, 64-годишна жена починала од топлотен удар, а три други се хоспитализирани, изјави за кипарската новинска агенција портпаролот на Државната организација за здравствени услуги Хараламбос Харилау, јави дописничката на МИА од Атина. 

Според портпаролот, трите жени на возраст од 25, 67 и 80 години се во сериозна состојба, а поради топлотниот бран во изминатите денови „има зголемен број случаи на топлотна исцрпеност“ на сите возрасти од деца до стари лица. ср/

Остани поврзан