• петок, 22 ноември 2024

Од почетокот на пандемијата 65 случаи на Ковид-19 во седиштето на СЗО

Од почетокот на пандемијата 65 случаи на Ковид-19 во седиштето на СЗО
Женева, 16 ноември 2020 (МИА) - Светската здравствена организација соопшти денеска дека од почетокот на пандемијата на Ковид-19 меѓу нејзините вработени во седиштето на организацијата во Женева се потврдени 65 случаи на коронавирус. - Имавме неколку случаи минатата недела кои беа меѓусебно поврзани. Сите се добро, имаат слаби симптоми или се асимптоматски, истакна претставничката на СЗО, Марија Ван Керкове. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус денеска се врати на работа по карантинот, во кој се наоѓаше поради контакт со лице позитивно на коронавирус. гт/

Остани поврзан