• понеделник, 23 декември 2024

Одобрени повеќе од 270 проекти на општините, рокот за аплицирање ќе се пролонгира до 15 ноември

Одобрени повеќе од 270 проекти на општините, рокот за аплицирање ќе се пролонгира до 15 ноември

Скопје, 18 октомври 2024 (МИА) - Повеќе од 270 проекти од речиси сите општини кои конкурирале на повикот за помош на единиците на локалната самоуправа се потврдени на владина седница неделава, изјави вчера премиерот Христијан Мицкоски.

Во изјава за медиумите за време на посетата на Општина Брвеница, Мицкоски најави  дека на следната владина седница ќе има мало продолжување на рокот за општините кои треба да ја комплетираат проектната документација.

-Потврдени се повеќе од 270 проекти кои се во речиси сите општини. Ова не се проекти во кои што градоначалници се од ВМРО-ДПМНЕ или владината коалиција, туку и градоначалници што доаѓаат од СДСМ, ДУИ или независни градоначалници, затоа што ние се бориме за секој милиметар квадратен на целата територија на државата, секое парче земја ни е важно и секаде сакаме да инвестираме. Очекувам следната недела договорите да бидат потпишани и да почне спроведувањето на оваа историска реализација на проекти за кои ќе се вложат повеќе од 4 милијарди денари. На следната владина седница ќе има мало продолжување на рокот бидејќи во проектите на некои од општините е потребно дел од документите што недостасуваат да ги обезбедат. Мислам дека рокот ќе биде разумен, до 10 или 15 ноември да ги доподнесат проектите и откако тоа формално ќе биде завршено, очекувам и тие да бидат вклучени во првиот бран. Ветената сума од 6 милијарди очекуваме до крајот на годината да биде испорачана, а веќе следната година ќе има 15 милијарди, што значи од централниот буџет кон општините ќе бидат испорачани проекти од околу 21 милијарда денари, истакна Мицкоски.

На вчерашната владина седница беа потврдени повеќе од 270 проекти кои се во речиси сите општини, потврди премиерот Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Општина Брвеница.  Во изј

Претседателот на Владата воедно апелираше општините Струмица, Теарце и Сарај, како и Град Скопје, кои не добија пари за ниеден проект со кој аплицирале, да го искористат продолжениот рок за поднесување на нови комунални проекти.

-Општина Струмица не доби средства затоа што конкурираше со проект кој веќе е почнат и во тек со избран изведувач. Апелирам до раководството на Општина Струмица да ја искористи можноста до 15 ноември да поднесе нови проекти кои ќе можеме да ги финансираме. Средства не се доделени за Општина Теарце која поднесе проекти преку приватна е-маил адреса и затоа го повикувам градоначалникот да постапи како и сите други 79 градоначалници. Имаме некомплетна документација поднесена и од Општина Сарај, очекувам до 15 ноември тоа да биде отстрането. Станува збор за патна инфраструктура во населеното место Ласкарци и еден водовод. Градот Скопје конкурираше со некомплетни проекти, бараат автобуси, бараат средства за одржување на хигиената на улиците. Од Владата веќе имаат пренесени 600 милиони денари кои се на сметката на градот за реализација на булеварот „Хасан Приштина“, но две години ништо не е направено. Очекувам во следниот период таму да се подобрат инвестициките перформански, нагласи премиерот Мицкоски.

Од Град Скопје во пишаната реакција наведуваат дека одлуката на Владата да не додели средства за проектите за кои аплицирал градот Скопје уште еднаш ја потврдува, како што стои, очекуваното секташко однесување на премиерот Мицкоски кое е насочено кон пресметки со неистомислениците.

Менувањето на имињата на улици се прави на насилен пат, без квалитетна јавна дебата и со многу политика.  Од ветениот зиплајн, луна парк, нови булевари, подземни сообраќајници, тунел под кале

-Со оваа одлука докажа дека неговата суета е поважна од било која потреба на граѓаните, а со неистомислениците се пресметува со сегрегација и политички прогон, докажувајќи дека нема никаков демократски ни лидерски капацитет. Спротивно на ветувањата дека од средствата од унгарскиот кредит ќе се финансираат проекти во сите општини, без разлика на политичката определба на раководствата на локалните самоуправи, со вчерашната одлука се потврди за неточна. Единствено се потврди очекуваното секташко однесување на Мицкоски кое е насочено кон пресметки со неистомислениците и за кој државата, граѓаните и нивните потреби се очигледно на последно место, се наведува во реакцијата на Град Скопје.

Воедно,  од Град Скопје потсетуваат дека согласно објавениот јавен повик на Владата за поддршка на општините, доставиле над 20 проекти со цел унапредување на квалитетот на живот на жителите на Скопје со фокус на подобрување на јавниот превоз, развој на градската патна инфраструктура, противпожарната заштита, јавната хигиена, информациски технологии и дигитализација, како и од областа на културата.

Реакција на својата официјална фејсбук страница објави и градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов.

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, денеска објави дека куќните совети, кои ќе ги уредуваат и одржуваат зелените површини кои се нивна сопственост, ќе можат да добијат вредни па

-Средствата кои ни се кратат нам како струмичани се околу 140.000.000 денари. Истите тие пари директно од џебот на секоја струмичанка и струмичанец од градот и од секое наше село ќе бидат користени да се враќа унгарскиот кредит. Ќе бидеме задоволни доколку истиот износ од 140 милиони денари се насочи за научни истражувања во МАНУ, нека имаат зголемен буџет, нови лаборатории, барем да ја ублажиме неправдата, стои во објвата на фејсбук профилот на градоначланикот Костадинов.

Вкупно 80 општини со 357 проекти аплицирале на јавниот повик на Владата за добивање средства за реализација на инфраструктурни проекти во општините ширум земјава со пари од државниот Буџет обезбедени преку унгарскиот кредит. Доминантен дел од проектите се за области како изградба, подобрување и реконструкција на водоводни мрежи, канализациски системи, на патна инфраструктура, набавка на транспортни средства и др. вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан