• недела, 22 декември 2024

Одложена одлуката за ставање крај на белгискиот шампионат

Одложена одлуката за ставање крај на белгискиот шампионат
Брисел, 27 април 2020 (МИА) - Белгиските фудбалски екипи го одложија гласањето следната недела за да ја потврдат одлуката за завршување на сезоната, со што ја оставија вратата отворена за рестартирање на кампањата. Управниот одбор на локалната Про лига го објави крајот на кампањата на 2 април поради пандемијата од коронавирус, а одлуката требаше денес да биде официјално ратификувана од 24 клуба во првите две дивизии. Сепак, гласањето беше одложено за една недела до 4 мај, при што белгиските фудбалски власти очекуваат во наредните денови поголема јасност за евентуалното олабавување на карантинските мерки во борбата против КОВИД-19, што може да доведе и до евентуално завршување на сезоната.

Остани поврзан