• петок, 21 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Одбележување 15 години од хеликоптерската несреќа во која загинаа припадници на воздухопловниот ВИНГ

Одбележување 15 години од хеликоптерската несреќа во која загинаа припадници на воздухопловниот ВИНГ

Скопје, 12 јануари 2023 (МИА) – На спомен-обележјето кај Катлановско Блаце денеска ќе се одбележат петнаесет години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа единаесет припадници од составот на воздухопловниот ВИНГ.

На спомен-обележјето во Катлановско Блаце, цвеќе ќе положи делегација од Министерство за одбрана и Генералштабот на Армијата составена од министерката за одбрана, Славјанка Петровска заменикот министер за одбрана, Башким Хасани и директорот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Зоран Милески. Цвеќе ќе положат и делегации од Кабинетот на претседателот, општина Петровец, Командата за операции, воздухопловниот ВИНГ, првата пешадиска бригада и членовите на семејствата на загинатите припадници.

Припадниците на воздухопловниот ВИНГ претходно, ќе го одбележат настанот со полагање свежо цвеќе и на спомен-обележјето пред командата во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.см/аа/

Остани поврзан