• понеделник, 08 јули 2024

Одбележување на патронатот на средното училиште „Здравко Цветковски“

Одбележување на патронатот на средното училиште „Здравко Цветковски“

Скопје, 7 ноември 2023 (МИА) - Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска присуствуваше на одбележувањето на патронатот на  средното училиште на Град Скопје „Здравко Цветковски“.

- Навистина е убаво да се види еден компактен колектив, наставен кадар кој на нашите ученици им пренесуваат знаење и позитивно влијаат на младите не само во образовниот туку и во воспитниот процес.  Нема поубаво нешто за вас присутните родители денеска, од тоа кога сте сведоци дека вашите деца се градат во успешни идни професионалци кои се движат кон иднина базирана на знаење, што е одликата на ова средно училиште на Град Скопје, истакна градоначалничката Арсовска.

Градоначалничката, во своето обраќање  истакна дека соединувањето на повеќејазични паралелки, спојот на гимназиско и стручно образование, како и фактот што интересот  за стручното образование во однос на гимназиското се зголемува, е индикатор за важноста на дуалното образование. 

Таа  го изрази своето уверување дека стручното средно образование и техничките струки се иднината која може да ги изгради нашите млади во професионалци, кои ќе ја сакаат сакаат својата работа и ќе бидат барани и добро платени на пазарот на трудот.

Училиштето и учениците на скопското средно училиште во чест на патронатот подготвија и изведоа богата културно - уметничка програма составена од рецитали, драматизација на тема: „Патуваме и учиме“, како и хорски и музички изведби. љм/ир

Фото: Град Скопје

Остани поврзан