Ограничени маржи на брашно, масло, шеќер, сол во Црна Гора
- Цените на основните намирници годинава се зголемија драстично, особено откако на 24 февруари започна војната во Украина
Подгорица, 1 јули 2022 (МИА) - Во Црна Гора од денеска стапува во сила одлуката со која се ограничува максималниот износ на маржи во продавниците на големо на пет осто, за пченично брашно - тип 400 и 500, шеќер, масло, сол, додека за малите продавници ќе биде седум отсто.
Со ограничување на маржите, овие главни производи би можеле да бидат поевтини. Одлуката е усвоена на последната владина седница на Црна Гора.
Цените на основните намирници годинава се зголемија драстично, особено откако на 24 февруари Русија почна војна во Украина.
Па така, за литар масло во почетокот на 2021 година во Црна Гора беше потребно да се издвои едно евро. Во јануари 2022 година, чинеше 1.40 евра. Цената на производот во црногорските маркети сега се движи меѓу 2.3 и 2.4 евра. Килограм брашно, тип 400, во јануари 2021 година чинеше 40 центи, а година дена подоцна дојде до поскапување од 50 отсто. Сега цената на брашното се движи околу 80 центи.
За килограм сол треба да се плати меѓу 50 и 60 центи, а за шеќер - деведесет и пет. бд/ссм/