• петок, 22 ноември 2024

Обид за кражба во простории на објект на Општина Чаир каде се чувал на изборен материјал

Обид за кражба во простории на објект на Општина Чаир каде се чувал на изборен материјал

Скопје, 7 мај 2024 (МИА) - Во Полициската станица Бит Пазар денеска било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на Општина Чаир, каде што се чува изборен материјал, но откако биле забележани од полицискиот службеник, кој го обезбедува изборниот материјал, лицата го напуштиле местото.

Како што информираат денеска од МВР, не е причинета штета на капијата ни на изборниот материјал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. сст/са/

фото МИА архива

Остани поврзан