• понеделник, 23 декември 2024

Обвинителството го заврши увидот за причините за пожарот во „Глобал“

Обвинителството го заврши увидот за причините за пожарот во „Глобал“
Струмица, 5 јануари 2021 (МИА) - Обвинител од Основното јавно обвинителство во Струмица и инспектори за пожар од Дирекцијата за заштита и спасување, денеска го завршија увидот за причините за пожарот во Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица, соопштија за МИА од ОЈО Струмица. До крајот на денот и крим техничарите од Министерството за внатрешни работи треба да ги завршат неопходните испитувања и најверојатно од утре веќе ќе може да да се започне со расчистување на остатоците од пожарот во „Глобал“. Во пожарот, кој избувна во саботата навечер во 23:12 часот, опожарена е една третина од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, дел од вториот, а урнат е и дел од покривот на трговскиот центар. рт/ар/

Остани поврзан