• петок, 22 ноември 2024

Обвинителот на МКС: Украина стана вистинско место на злосторство

Обвинителот на МКС: Украина стана вистинско место на злосторство
Киев, 14 април 2022 (МИА) - Украина стана вистинско „место на злосторство“, оцени вчера во Буча, во близина на Киев, главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (ICC), Карим Кан. - Тука сме затоа што имаме добра причина да веруваме дека се извршени злосторства, за што е и надлежен Судот. Мораме да ја растераме воената магла, за да дојдеме до вистината, истакна Британецот. Изјавата ја даде во Буча, градот што стана симбол на злосторства во конфликтот, бидејќи стотици тела беа откриени таму кон крајот на март, според украинските власти. Русија негира дека извршила какви било злосторства. Тим на форензичари од Меѓународниот кривичен суд се подготвува за работа, појасни Кан, за „навистина да може да се одвои вистината од измислиците“. бд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан