• петок, 22 ноември 2024

ОАЕ: Решението за Палестинците и Израел е две држави

ОАЕ: Решението за Палестинците и Израел е две држави
Берлин, 7 октомври 2020 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, Абдулах бин Зајед ал-Нахјан изјави дека е најважно да се врати надежта на Палестинците и Израелците работејќи на мировно решение за две држави. Тој тоа го изјави во заедничкото соопштение по разговорот во Берлин со министрите за надворешни работи на Израел и на Германија, Габи Ашкенази и Хајко Мас. Ал-Нахјан разговарал со Ашкенази и за соработка во областа на енергетиката. Средбата во Берлин е организирана поради разгледување на натамошните чекори во нормализирање на односите по потпишувањето во Вашингтон на Договорот за воспоставување дипломатски односи. гт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан