• петок, 22 ноември 2024

Нуредини: При загревањето на домовите граѓаните да не користат материјали кои ја загадуваат околината

Нуредини: При загревањето на домовите граѓаните да не користат материјали кои ја загадуваат околината
Скопје, 3 октомври 2022 (МИА) - Со оглед на енергетската криза, најверојатно ќе има зголемување на аерозагадувањето, изјави денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, упатувајќи прит тоа апел до граѓаните да водат грижа, како ги загреваат домаќинствата, односно да не користат материјали кои ја загадуваат животната средина. - Ние ќе увеземе мазут и јаглен, најмалку што бараме е да се почитуваат стандардите за мазутот и јагленот што ќе го увезуваме. Свесни сме дека институциите - болници, градинки, училишта... се најголемите загадувачи. Најверојатно оваа зима ќе има зголемување на аерозагадувањето, потенцираше Нуредини. Тој истакна дека за жал ова не е ситуација само кај нас, туку во цела Европа и рече дека проблемот е што ние 30 години не сме инвестирале во енергетика во државата. - Јас разбирам дека е тешко време, но апелирам до сите да внимаваме со што се грееме, колку грееме и да бидеме енергетски поефикасни, посочи Нуредини, напомнувајќи дека граѓаните можат  да се греат со дрва и пелети, кои се според стандардите, а не со материјали кои при согорувањето испуштаат штетни материи, кои прво го загадуваат домот, а потоа и околината. см/сп/

Остани поврзан