• петок, 26 јули 2024

Нуредини: Потребен е интегриран пристап во менаџирањето со водните тела, природата не познава политички граници

Нуредини: Потребен е интегриран пристап во менаџирањето со водните тела, природата не познава политички граници
Скопје, 8 октомври 2021 (МИА) – На втората сесија од министерскиот состанок за животна средина на Централната Европска Иницијатива (ЦЕИ) во Трст, Италија, министерот Насер Нуредини се осврна на предизвиците во управувањето со трите речни сливови и трите природни езера кои Република Северна Македонија ги дели со своите соседи. Како што информира Министерството за животна средина и просторно планирање, Нуредини во своето обраќање говорел и за последниот развој во рамките на Преспа парк договорот и ја истакнал потребата за интегриран пристап во менаџирањето со сите водни тела. Втората сесија од министерскиот состанок за животна средина на ЦЕИ беше посветена на управувањето и заштитата на водите, особено на односите помеѓу земјите кои делат прекугранични водни тела, промоцијата на одржливиот развој и градењето на отпорност на општествата и животната средина. На првата сесија говорниците дискутирале за предизвиците во управувањето со отпадот. Министерот Нуредини присуствуваше на министерскиот состанок на покана на генералниот секретар на Централната Европска Иницијатива Роберто Антонионе и министерот за екологија, просторно планирање и урбанизам на Црна Гора, Ратко Митровиќ во име на црногорското претседателство ЦЕИ. ки/дма/

Остани поврзан