• петок, 22 ноември 2024

Нуредини: Не отстапуваме од зелената транзиција, само го успоривме темпото

Нуредини: Не отстапуваме од зелената транзиција, само го успоривме темпото

Скопје, 19 октомври 2022 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нурдини оствари прва протоколарна средба со новименуваниот амбасадор на Обединетото Кралство Метју Лосон.

-По срдечното добредојде и искажаните желби за успешен дипломатски мандат министерот Нуредини се осврна на добрата соработка на двете држави во заштита на животната средина со фокус на климатските промени и остварување на амбициозните климатски цели, информираат од МЖСПП.

На средбата, како што е наведено во соопштението, соговорниците размениле информации за активностите реализирани согласно заклучоците на  минатогодишната Конференција на страните на UNFCCC, COP 26 што се одржуваше во Глазгов под покровителство на Обединетото Кралство.

На средбата станало збор и за предизвиците со кои се соочуваат државите пред новиот COP 27 што во ноември ќе се одржи во Египет, особено заради  глобална енергетска криза.

-Во оваа прилика министерот Нуредини ги претстави цврстите стратешки определби на Министерството, но и на државата и во услови на енергетска криза да се движат кон остварување на националните климатски цели, трансформација на економијата кон зелена економија и кон транзиција кон обновливи извори на енергија, се наведува во соопштението. дма/ац/

Остани поврзан