• вторник, 24 декември 2024

Ноќеска изречени 165 санкции за брзо возење на територијата на цела држава

Ноќеска изречени 165 санкции за брзо возење на територијата на цела држава
Скопје, 12 август 2022 (МИА) - Во текот на изминатата ноќ, во периодот од 22 до 3 часот, Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 165 возачи. - Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 115 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 50 надвор од населено мест, информира од МВР . Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. дма/сп/

Остани поврзан