Нормализиран сообраќајот на автопатот Тетово-Скопје
- Сообраќајот на автопатот Тетово - Скопје, кај село Желино, е нормализиран попладнево од 17 часот, по прекинот поради сообраќајна незгода.

Скопје, 20 јуни 2024 (МИА) - Сообраќајот на автопатот Тетово - Скопје, кај село Желино, е нормализиран попладнево од 17 часот, по прекинот поради сообраќајна незгода, информира АМСМ.
Од АМСМ претходно соопштија дека има прекин на сообраќајот од 14:45 часот, а како што информираа од СВР Тетово во сообраќајката полесно се повредени две лица.лв/ас/
фото: МИА архива