• недела, 07 јули 2024

Нов спортски комплекс во штипската населба Дузлак

Нов спортски комплекс во штипската населба Дузлак

Штип, 6 септември 2022 (МИА) - Нов модерен спортски комплекс ќе добијат жителите на населба Дузлак. Три спортски терена, реквизити за најмалите и катче за највозрасните се дел од оваа инвестиција која ја вложува штипската Локална самоуправа.

Градоначалникот  на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека овој спортски комплекс ќе биде едно ново модерно катче, во кое ќе уживаат сите генерации.

-Станува збор за еден модерен комплекс со три спортски терени, фудбалско игралиште со вештачка трева, кошаркарско игралиште со специјализирана тартан подлога и одбојкарско игралиште. Проектот опфаќа целосно оградување на овие игралишта, осветлување, детски реквизити коишто исто така ќе бидат поставени во склоп на овој комплекс. Исто така, предвидуваме одредени содржини во рамки на постоечкиот парк, една канцеларија за пензионерите од оваа населба, коишто ќе може да ја користат во слободното време, рече Јорданов.

Инвестицијата е вредна нешто повеќе од 3.000.000 денари, а градежните активности се очекува да завршат во следните неколку дена.вдј/бт/ 

Остани поврзан