• петок, 22 ноември 2024

Новоизбраниот член на Советот на јавните обвинители Марјана Илиеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието

Новоизбраниот член на Советот на јавните обвинители Марјана Илиеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието

Скопје, 30 август 2024 (МИА) - Новоизбраната членка на Советот на јавните обвинители Марјана Илиеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши, генералната секретарка на Собранието Марина Димовска и претседателката на Советот на ЈО Душица Димитриеска. 

Марјана Илиеска со вкупно 19 гласа беше избрана за член на Советот на ЈО од редот на јавните обвинители од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Битола на 29 јули годинава. Илиевска доаѓа од Основното јавно обвинителство Прилеп. аа/лв/

Фото: Собрание на РСМ 

Остани поврзан